Skip to main content
Македонија

Градоначалникот на Гостивар ги презентира работите за трансформација на Градскиот парк 

29/03/2026  15:20

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, преку видео објавено на социјалните мрежи информираше дека започна трансформацијата на Градскиот парк во Гостивар, во рамки на проектот „Поврзување на регионите”, финансиран од Европската Унија преку Програмата за прекугранична соработка (ИПА), во партнерство со Општина Гостивар.

Овој проект предвидува низа инфраструктурни  интервенции, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и создавање на модерен рекреативен простор. Во фокусот на работите е изградбата на пешачки мост, кој ќе ги поврзе двете страни на паркот и ќе го олесни движењето на посетителите.

Покрај тоа, проектот опфаќа уредување на зелените површини, реконструкција на постојните патеки, поставување на нова урбана опрема, како и модерно јавно осветлување со канделабри.