
Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска, Членка на Извршниот одбор
Скандалозно и недозволиво, веќе две недели на Клиниката за Онкологија недостигаат клучни лекови за пациентите со рак.
Недостасуваат основни онколошки терапии како: Фезго, Палбоциклиб, Рибоциклиб и други неопходни лекови без кои третманот не може да продолжи.
Неизвесност, страв и агонија за луѓето кои секој ден се борат за својот живот.
Тоа е денеска реалноста со криминалната власт на ВМРО-ОКГ. Граѓаните, болните, се оставени на милост и немилост.
Владата нема пари за лекови, има пари само за криминални тендери.
Пациентите се без лекови, додека има 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.
Дали здравјето на пациентите е условено од тоа кога ќе се распише нов тендер за набавка на лекови?
Ова е нечовечко. Ова е недозволиво.
Здравството е во тотален хаос, проблеми има насекаде.
Владата ги напаѓа и ги омаловажува докторите, одбива да им ги покачи платите, а не може да обезбеди ниту основна терапија со лекови.
За Владата на Мицкоски сѐ е бизнис – колку ќе се земе, кој ќе добие, како ќе се подели. Ама за пациентите – лекот е живот.
Секој изгубен ден без терапија може да значи влошување, компликации, па дури и загубен живот.
Ова се случува пречесто откако ВМРО е на власт, а Клековски е прв човек на ФЗО.
Граѓаните не смеат да бидат жртви на тендер-коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ.
Бараме истрага за причините за недостигот на лекови и одговорност од сите инволвирани.

