Skip to main content
Скопје

Во Скопје 5. издание на трката „Водно 10К”, посебен сообраќаен режим

29/03/2026  08:34

Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје денеска го организира петтото издание на трката „Водно 10К”. Најавено е учество на 500 натпреварувачи, а стартот на трката е во 10:00 часот на долниот паркинг на Средно Водно.

Рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка.

Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот. Од  тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За натпреварувачите е обезбеден беплатен превоз од основното училиште „Кочо Рацин“ до паркингот на средно Водно, а после завршување на настанот по обратен редослед.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници со цел безбедно одвивање на настанот.