
Во најновото издание на емисијата „Планетите зборуваат“, астрологијата повторно беше во фокусот како алатка за разбирање на човековата природа и внатрешниот свет.
Во емисијата беше истакнато дека астрологијата, преку наталната карта, овозможува длабоко согледување на личноста, не само на свесно, туку и на несвесно ниво. Посебен акцент беше ставен на Месечината – една од двете „светла“ во астрологијата, заедно со Сонцето.
Додека Сонцето го претставува свесниот дел од личноста, Месечината го симболизира подсвесниот, емотивен и интуитивен аспект. Таа ја отсликува душата, внатрешните потреби и начинот на кој човек ја доживува сигурноста и блискоста.
Позицијата на Месечината во наталната карта открива кои се емотивните потреби на една личност, како се изразуваат чувствата и каква е нејзината внатрешна стабилност. Дополнително, таа има и „исцелувачка енергија“, поврзана со психофизичкото здравје и внатрешниот баланс.
Во астромедицината, Месечината се поврзува со виталноста на телото, додека во кармичката астрологија ја претставува душата и нејзините искуства низ различни животи.

