
И оваа сабота од 21:00 часот, на 4TV ве очекува ново издание на емисијата „Планетите зборуваат“ со астрологот Наташа Јанковска.
Продолжуваме да ги отвораме темите од астрологијата кои се важни за секојдневието – љубовта, работата, здравјето и личниот развој. Преку астролошките анализи, ќе се обидеме подобро да ги разбереме влијанијата што ги имаат планетите врз нашите животи и одлуки.
Астрологијата не е само предвидување – таа е алатка за самоспознавање и насока, која ни помага да ги согледаме можностите и предизвиците што ни претстојат.
Бидете со нас вечерва во 21:00 часот и дознајте што ни порачуваат ѕвездите.


