Skip to main content
Свет

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

28/03/2026  13:12

По третпат во последните 10 дена е извршен напад во областа на нуклеарната централа Бушер во Иран.

Агенцијата на ОН доцна синоќа на платформата Икс, повикувајќи се на ирански информации, наведе дека нема извештаи за оштетување на оперативниот реактор ниту за истекување радијација.

Генералниот директор Рафаел Гроси повика на „максимална воена воздржаност за да се избегне ризик од нуклеарна несреќа“.

Иран претходно оваа и минатата недела пријави удари со проектили во комплексот Бушер. И во двата случаи немаше штета на објектот ниту жртви.

Нуклеарната централа Бушер, единствена во Иран, се наоѓа на околу 760 километри јужно од Техеран, на брегот на Заливот.