Skip to main content
Македонија

СДСМ: Огромно задоволство на граѓаните, дојдовме до реалната анкета на ВМРО-ОКГ! 

28/03/2026  11:11

Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ.

Во анкетата, најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името!

Еве што покажува анкетата.

Пазарниот барометар, односно покачувањето на цените е директно врзано со покачување на рејтингот на Мицкоски.

Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%.

Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари –ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%.

Кога ДИЗЕЛОТ трет пат порасна на 95,5 денари – ЗНАМ пораснал за 100%.

Граѓаните позитивно оценуваат и сметаат дека сите цени се ниски.

Така на пример, на прашањето дали сметките за струја треба повторно да се зголемат, над 80% од граѓаните рекле „ДА, и тоа веднаш”!

За цените на горивата 95,5% од граѓаните велат дека треба уште да растат затоа што се најниски во регионот.

Огромо задоволство на граѓаните има и во однос на покачувањето на платите – 120%!

99,9% од граѓаните се изјасниле дека нема потреба да се покачи минималната плата на 600 евра, дека е тоа премногу.

На прашањето дали Христијан Мицкоски треба да купи авион – 97,7% рекле децидно  „ДА”!

Дали му верувате на Христијан Мицкоски – 1000% велат граѓаните.

Силна поддршка од граѓаните има и за омилените на ВМРО-ОКГ:

Харис Џиновиќ 92%

Артан Груби 100%

Катица Јанева, за три години – скок од 100%

Боки 13 – 50%.

Башановиќ-26%.

Во делот на надворешна политика исто така огромно задоволство.

Дали државата оди во правец на ЕУ – 1.000.000% велат „ДА”!

Како ви се допаѓа почесниот конзул Адамовиќ? – над 500% рекле „Одлично”!

До следното јавување и огромното задоволство на граѓаните следете ги анкетите на ВМРО-ОКГ!

Центар за комуникации, СДСМ