
„Во категоријата храна спаѓаат повеќе прехранбени производи, меѓу кои и пијалоците, но во една вкупна категорија. Податокот што го извадив пред емисијата покажува дека остварениот извоз во 2025 година изнесува 417 милиони евра. Овде станува збор за земјоделски производи кои влегуваат во категоријата храна – не зборувам за пијалоци и вода. Увозот, пак, изнесува 202 милиони евра, од што може да се заклучи дека имаме позитивен трговски биланс”, појасни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисија на ТВ 21.
„Согласно податоците можеме да видиме дека повеќе извезуваме отколку увезуваме. Тоа е податок кој што е за респект, дополнително ако ја споредиме минатата година со 2024-та година во целина, ќе видиме дека извозот е зголемен некаде над 5%”,посочи министерот.
Во своето излагање, тој појасни дека податоците јасно покажуваат дека државата повеќе извезува земјоделски производи.
„Не можеме во иста категорија да ги ставаме пијалоците. Имаме преработки од месо и месо, но треба да се знае дека во државата постои недостиг од живинско и говедско месо, што нормално се увезува. Проблем е доколку нешто го произведуваме, а сепак дополнително го увезуваме”, додаде тој.
Министерот истакна и дека во категоријата храна спаѓа и какаото, кое Македонија не го произведува, тоа треба да се увезе.

