
Франција утре ќе распореди четири борбени авиони „Рафал“ во Литванија за да обезбеди воздушна заштита на балтичките држави во период од четири месеци.
Распоредувањето е дел од мисијата на НАТО за балтичко воздушно набљудување, која е во сила од 2004 година, кога Литванија, Латвија и Естонија, земји без свои борбени авиони, се приклучија на Aлијансата.
Четирите авиони и околу 100 француски пилоти ќе бидат стационирани во воздухопловна база во Литванија, се вели во соопштението на француското министерство.
Ова е 12-ти пат од 2004 година Франција да ја спроведува оваа мисија за НАТО во балтичките земји.
Таа ја презема задачата од шпанскиот контингент.

