Skip to main content
Македонија

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција

26/03/2026  23:43

Голем дел од предметите поврзани со корупција остануваат без судска разрешница, предупреди Шемши Салаи.

Тој истакна дека институциите често не постапуваат навремено, што доведува до одолговлекување на постапките и избегнување на одговорност. Според него, во многу случаи нема конкретен епилог, а јавноста останува без одговори за големите афери.

Салаи нагласи дека еден од клучните проблеми е недостатокот на политичка волја, што овозможува предметите да застарат или да останат заглавени во институциите.

„Без вистинска решеност за борба против корупцијата, системот ќе продолжи да продуцира неказнивост“, предупреди тој.