Skip to main content
Македонија

Се трујат миленици и бездомни животни во Пробиштип

26/03/2026  17:45

Регистрирани се серија на труења на животни во општина Пробиштип. Градоначалникот Тони Тоневски најостро го осуди овој чин и потврди дека случајот е веќе пријавен во полиција, каде се трага по непознатиот сторител.

Тоневски веќе остварил средби со сопствениците на отруените миленици и апелираше до граѓаните на смиреност и воздржаност од инциденти.

„Ние како институција ги повикавме оштетените луѓе на разговор. Ги информиравме претставниците на МВР и истрагата е во тек. Апелирам до сите да се воздржат од какви било инциденти, бидејќи Општината има план како систематски да го реши проблемот со бездомните кучиња“, изјави Тоневски.