Skip to main content
Свет

Маж од Русија доби 4 години затвор – украл 40 рози

25/03/2026  20:17

Поради кражба од 40 рози, маж од Јелизово на Камчатка, полуостровот на рускиот далечен исток доби затвор до 4 години.

Тој и ги дал розите на жена која случајно ја сретнал за време на бегството. Полицијата информира дека човекот бил во алкохолизирана состојба кога поминал покрај цвеќарницата.

„Гледајќи ги убавите рози, ги зграпчил и истрчал на улицата. Сепак, набрзо сфатил дека не му требаат цвеќињата што ги украл и и ги дал на случајна минувачка“, соопшти локалната полиција во извештајот за кражба, објави агенцијата РИА Новости.

Против него е покрената кривична постапка и доколку биде осуден, се соочува со затворска казна до четири години., објави Н1.