
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
СДС и Венко Филипче шест дена кукавички молчат и не ја демантираат соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ.
Молкот на СДС не е ништо друго освен директна потврда дека врските постојат. Наместо да излезат пред јавноста и јасно да одговорат, тие се кријат зад демагогија и евтини манипулации.
СДС е заглавена во погрешни и промашени ПР стратегии диктирани од странски советници, Башановиќ и Шчекиќ ги водат СДС директно на дното без автентична политика и јасни ставови, СДС се тотално без концепт и отуѓени од народот.
ПР стратегијата што ја следат, под влијание на Башановиќ и Шчекиќ, не само што е промашена, туку ја турка партијата кон политички амбис. Наместо да понудат визија и решенија, тие се занимаваат со интриги и дезинформации.
СДС нема капацитет, ниту визија за општествените случувања, само клевети и напади преку неосновани прес-конференции.
СДС со неодговорното и недостоинствено однесување, ќе доживее дебакл, а Венко Филипче ќе остане запаметен како симбол на неуспехот и распадот на партијата.
Молкот од СДС е најгласното признание дека немаат аргументи, концепт и идеи за развој на државата.

