Skip to main content
Македонија

ОЈО да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ, бара СДСМ

25/03/2026  12:48

Соопштение за јавност на СДСМ:

„СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законскиot рок за избор на вицегувернери во Народната банка. Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески.

Постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав и одлуките донесени во такви услови можат да бидат правно оспорени.”