Skip to main content
Свет

САД испраќаат елитни единици на Блискиот исток

25/03/2026  08:19

САД донесе одлука за распоредување дополнителни американски сили на Блискиот Исток, објавија американските медиуми.

Според информациите, станува збор за припадници на 82. воздушно-десантна дивизија – елитна единица на САД, позната по брзи интервенции и падобрански операции со висок ризик.

Според извештаи на медиуми како Sky News и NBC News, одобрението за движење на трупите било дадено во текот на ноќта.

Иако првично се шпекулираше за испраќање на цела бригада од над 3.000 војници, најновите информации укажуваат дека ќе бидат испратени помалку од 1.500 војници, а контингентот ќе биде ограничен, но високо мобилен

Воените структури веќе работат на мобилизација на персоналот, логистичка подготовка и издавање оперативни наредби.

Иако трупите сè уште не ја напуштиле американската територија, првите транспортни авиони би можеле да полетаат во наредните денови.

Овој потег на Вашингтон се толкува како јасна порака дека САД нема да дозволат загрозување на своите интереси во регионот.

Елитните падобранци, често нарекувани „плави ѓаволи“, се сметаат за сила за брза реакција – подготвени за интервенција во секој момент.

Иако станува збор за релативно мал број војници, нивното распоредување има силна симболична тежина. Потегот може да се сфати како превентивна мерка, но и како сигнал дека конфликтот на Блискиот Исток влегува во уште понапната фаза.