Skip to main content
Скопје

„Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“, проект на општина Карпош

24/03/2026  15:53

Од идната среда (1 април) во општина Карпош стартува реализацијата на проектот „Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“. Овој проект е дел од програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки клуб „Базбедност“ од Скопје.

Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, предводен од д-р Страшо Глигоров, доктор на науки од областа на кинезиологија и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје. Програмата е осмислена на начин да им овозможи на учесниците не само физичка кондиција, туку и практични знаења за лична безбедност и самоконтрола.

Во рамки на овој проект, покрај трензините во спортската сала, предвидени се и активности на отворено: четири тренинзи на Кејот на реката Вардар и во Градскиот парк, како и четири спортско-рекреативни искачувања на планината Водно.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала на ООУ „Петар Поп Арсов“ двапати неделно – секој понеделник и среда од 21 до 22 часот.

Пријавувањето започнува од денеска (24 март) на следниов телефонски број 070/358-398.