
Соопштение за јавност на Левица:
Бидејќи Антикорупциска комисија е дефакто заробена институција од режимот на власт, Левица јавно објавува фотографии кои претходно беа доставени и до Антикорупциска комисија. На фотографиите јасно се гледа личната блискост меѓу директорот на СОЗР Ивица Томовски и управителот на фирмата “Сити Аутсорсинг” – Милчо Стрезоски.
Криминалната шема е јасна: Томовски формално ја “продава” семејната компанија ,,Сити Аутсорсинг” на својот пријател Стрезоски, кој потоа со истата компанија добива 160 тендери во рекордни бројки од 5 милиони евра. Факт е дека влијанието на Томовски е клучно за оваа компанија да добие вакви милионски суми, додека Антикорупциска комисија во своето претесно толкување го затвори случајот само затоа што “компанијата нема добиено тендер од институцијата со која раководи Томовски”?!
Очигледно е дека заробената Антикорупциска комисија не смее да истражи кои се критериумите за доделените тендери и дали критериумите однапред се наместени специфично само за оваа семејна компанија на Томовски. Нема ниту одговор од Антикорупциска комисија за колкав надомест управителот Стрезоски ја “купил” семејната компанија од Томовски.
Главното прашање е следно: колку провизија од доделените 5 милиони евра тендери на “Сити Аутсорсинг” се завршени во џебот на Мицкоски, кој додека беше директор на ЕЛЕМ делеше тендери на истава компанија?!
Овој скандал е уште еден јасен доказ дека државата е целосно заробена и ставена во служба на теснопартиски и бизнис интереси на луѓето на Мицкоски. Уште позагрижувачки е однесувањето на Антикорупциската комисија, која наместо да биде коректив и заштитник на јавниот интерес, повторно се става во функција на власта
