
Цената на суровата нафта од типот Брент се искачи над 100 долари за барел утрово, откако во понеделникот падна за повеќе од 10 проценти, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи понатамошните напади врз Иран и неговата најава за разговори со Техеран.
Во Азија утрово цената на северноморската нафта од типот Брент порасна за 2,9 проценти на 102,84 долари за барел, објавија француските медиуми.
Цената на американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) порасна за 3,5 проценти на 91,20 долари.


