Skip to main content
Свет

Европската комисија бара од Будимпешта да ги разјасни тврдењата за врските на Сијарто со Москва

23/03/2026  18:47

Европската комисија побара од Будимпешта објаснување за тврдењата дека унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, споделил со Москва доверливи информации од разговорите со претставници на членките на Европската унија (ЕУ).

Портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер, им изјави на новинарите дека ваквите обвинувања се загрижувачки, бидејќи довербата меѓу членовите и институциите е особено важна за функционирањето на ЕУ.

Европската комисија чека појаснување од Владата на Унгарија, додаде Анита Хипер, според бриселскиот портал Политико.

„Вашингтон пост“ објави дека Будимпешта одржувала блиски врски со Москва во текот на целата војна во Украина и дека Сијрото користел паузи на состаноците со другите членки на ЕУ за да ги информира своите партнери во Русија.

Сијарто ги отфрли ваквите тврдења.