
Иран негира дека се водени разговори со САД и покрај тврдењата на американскиот претседател дека двете страни „постигнале согласност околу клучните точки“. Трамп претходно објави дека Вашингтон и Техеран одржале „многу силни“ разговори во изминатите 24 часа и оти е јасно дека Иран „сака да постигне договор“.
Меѓутоа, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф повтори дека немало разговори.
„Не се одржани никакви разговори со Соединетите Американски Држави, а лажните вести се користат за манипулација со финансиските и нафтени пазари и за извлекување од ситуацијата во која западнаа САД и Израел“, рече Галибаф.
Оваа изјава е спротивствена на претходен извештај на израелски претставник кој за Ројтерс рече дека токму Галибаф ги предводи преговорите со Вашингтон.

