Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Во мај или јуни реконструкција на Владата

23/03/2026  16:46

Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и кој министер ќе замине од одредено министерство или ќе премине во друго.

– Ние имаме принципелен договор како коалициски партнери во Владата, сите три политички структури, тоа се коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди – Влен“ и политичката партија ЗНАМ. Најавивме дека во мај или јуни ќе имаме реконструкција во самата Влада и се разбира дека многу од прашањата за време и пред реконструкцијата ќе бидат ставени на маса и ќе разговараме за тоа – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали ќе биде разрешен министерот Фатмир Лимани по објавувањето негова фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.