Skip to main content
Балкан

Превозниците од регионот повторно ќе блокираат граници

22/03/2026  18:12

Од утре, понеделник (23 март), транспортерите од Босна и Херцеговина почнуваат масовни протест поради проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната.

Блокадите ќе започнат точно во 07:00 часот наутро и ќе ги опфатат сите гранични премини наменети за камиони, вклучувајќи ги и оние со Србија.

„Протестот е реакција на нехуманиот третман и ограничувањата кои ги оневозможуваат возачите од Западен Балкан нормално да ја извршуваат својата работа. Доколку не се донесе итно решение, на 14 април на протестот ќе се приклучат и српските транспортери со целосна блокада која нема да прекине до добивање писмени гаранции од Европската комисија“, алармираат од Здружението.

Оваа ситуација се очекува да предизвика огромни колони и застој во снабдувањето со стоки низ целиот Балкан.

Нешто подоцна од најавата Министерството за внатрешни работи го забрани протестот на превозниците, но тие кусо искоментираа дека нема да се откажат од најавените блокади.