Skip to main content
Свет

64 лица загинаа во напад во Судан

22/03/2026  08:46

Најмалку 64 лица, меѓу кои 13 деца, загинаа во напад врз болница во Судан, а 89 се повредени.

Нападната била наставната болница во Ел-Даеин, главниот град на Источен Дарфур. Меѓу жртвите има и медицински персонал.

Според СЗО, во нападот биле сериозно оштетени педијатрискиот, породилниот и одделот за итна помош.

„Доста е пролевање крв. Доста е нанесена болка. Здравствената грижа никогаш не смее да биде цел“, порача директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, повикувајќи на итна деескалација и заштита на цивилите и здравствените работници.

Невладината организација „Emergency Lawyers“, која го следи конфликтот, наведува дека нападот бил директно насочен кон болницата.