Skip to main content
Македонија

Променливо облачно време со сончеви периоди

22/03/2026  08:12

Променливо облачно време се очекува денес со сончеви периоди. Попладне наместа ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени Целзиусови, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.

На почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата ќе преовладува стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од
дожд.