Skip to main content
Магазин

„Планетите зборуваат“: Првите три куќи го откриваат идентитетот, парите и комуникацијата

22/03/2026  00:09

Во најновата епизода на емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV, астрологот Наташа Јанковска се осврна на значењето на Сонцето во првите три куќи од наталната карта, објаснувајќи како тие влијаат врз личноста, финансиската состојба и комуникацијата.

Секторите во кои се соочуваме со искуствата од нашиот живот во астрологијата се нарекуваат куќи. Додека планетите покажуваат што може да се случи, хороскопските знаци објаснуваат како, а куќите откриваат каде – односно во кој контекст се одвиваат настаните.

Според Јанковска, Сонцето во првата куќа го нагласува идентитетот и личниот израз. Оваа позиција укажува на личности со силна харизма, лидерски способности и потреба да бидат во центарот на вниманието. Може да донесе популарност и успех, но и предизвици како изразено его и потешкотии во односите со другите.

Кога Сонцето се наоѓа во втората куќа, која се поврзува со финансиите и материјалната сигурност, може да укаже на добри економски можности и способност за управување со пари. Оваа позиција често носи поддршка преку семејството или партнерот, како и потенцијал за успех во финансискиот сектор.

Во третата куќа, Сонцето ја нагласува комуникацијата, интелектот и односите со блиската околина. Јанковска објаснува дека оваа позиција може да создаде луѓе со изразени комуникациски вештини, писателски талент и способност за јавно изразување. Воедно, може да укаже и на блиски врски со браќа и сестри, но и на можни предизвици како егоцентричност во комуникацијата.

Емисијата понуди подлабок увид во улогата на Сонцето во различните куќи, нагласувајќи дека секоја позиција носи специфични потенцијали и предизвици кои ја обликуваат животната патека на поединецот.