Skip to main content
Спорт

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

20/03/2026  11:11

Во НБА лигата синоќа се одиграа осум натпревари, а вечерта повторно ја одбележа Словенецот Лука Дончиќ, кој постигна 60 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 134-126 над домаќинот Мајами.

Последниот поен Дончиќ го постигна од линијата за слободни фрлања во завршните секунди од натпреварот кога целата клупа стоечки со овации го награди словенечкиот кошаркар кој дојде до својот личен рекорд според постигнати кошеви во дресот на Лејкерс.

И Леброн Џејмс одигра уште одличен натпревар во кој израмни уште еден НБА рекорд.

Џејмс го достигна големиот Роберт Периш според број на одиграни натпревари во НБА, сега двајцата имаат по 1.611. Во својот последен натпревар, Периш одигра шест минути и постигна два поени, тогаш како резерва на Чикаго Булс.

Џејмс изминатата ноќ имаше нов трипл-дабл, постигнувајќи 19 поени, заедно со 15 скокови и 10 асистенции.

Резултати од синоќешните натпревари:

Шарлот – Орландо 130:111, Вашингтон – Детроит 95:117, Чикаго – Кливленд 110:115, Мајами – ЛА Лејкерс 126:134, Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 105:99, Сан Антонио – Феникс 101:100, Јута – Милвоки 128:96, Сакраменто – Филаделфија 118:139.