Skip to main content
Хроника

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

19/03/2026  23:41

Автомобил изгоре вечерва на паркингот кај поликлиниката „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.

Според првичните информации, засега не е познато како дошло до опожарувањето на возилото.

На местото на настанот интервенирале надлежните служби, а во тек е увид од страна на полицијата, која треба да ги утврди причините за пожарот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.