Skip to main content
Македонија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

19/03/2026  14:43

Новоименуваниот Јавен обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата државен јавен обвинител.

Тој одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска.

Исто така, на првиот работен ден на функцијата, Јавниот обвинител на РСМ Савески се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација.