Skip to main content
Економија

Филипче: Додека цените растат, Мицкоски слави 50 години ЕПП на трошок на граѓаните

19/03/2026  14:14

Соопштение за јавност на СДСМ:

„Додека цените растат, премиерот не е загрижен, тој е на самит на ЕПП два дена. Нормално, на трошок на граѓаните, додека тука растат цените не само на горивата, туку и на сите прехранбени продукти од час во час, а ќе расте цената и на струјата и на сè друго. Единствено што не растат се платите,”, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека наместо да се свикаат итни владини седници за донесување мерки кои би им помогнале на граѓаните да ја надминат кризата, владата се шета во Брисел на прослави.

„Наместо да се свикаат итни владини седници, до сега, наместо тоа сега се прави, за да се донесат мерки којшто ќе им помогнат на граѓаните да ја надминат оваа криза, владиниот тим се шета во Брисел на прослави. И кога граѓаните утре нема да можат да ги платат ниту надуените сметки за струја, кога нема да можат да обезбедат ниту една, ниту пола потрошувачка, како што и сега не можат, треба да се сетат дека човекот што е сега премиер беше зафатен со тоа што беше на прослава 50 години на ЕПП.”, потенцираше Филипче.

Тој најави дека СДСМ денеска ги поднесува предлог-законските решенија со кои ќе се намалат цените на горивата и на хрната и ќе се олеснат трошоците за граѓаните.

„Апелираме, ќе ги поднесеме денеска во текот на денот нашите предлог-закони за да се намали акцизата на горивата, ДДВ-то на основите прехранбени производи и да се преполоват патарините. Апелираме на оваа ненародна корумпирана власт овие закони да ги прифати за да им се излезе во пресрет на потребите, реалните потреби на граѓаните, потенцираше Филипче на денешната прес-конференција.