Skip to main content
Македонија

СДСМ: Среќна работа на новиот јавен обвинител!

19/03/2026  09:13

Соопштение за јавност на СДСМ:

Новиот јавен обивнител го чека многу работа.

Три месеци чекаме, нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта кои ги објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.

-Скандалот со 161 тендер за семејната фирма на Томовски. 

-Скандалот со 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг. Сопственикот бил член на Избирачки одбор од ВМРО.

-Скандалот со 74 тендери за Ленди груп.

-Скандалот со 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени. 

-Скандалот со тендерот од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Милионски тендери добиваат едни исти фирми блиски до власта, станува збор за милиони евра, пари на граѓаните и за ова одговорност мора да има.

Очекуваме да работи и на бизнис шемите на Мицкоски, без разлика што е претседател на Владата! Тоа ќе ја покаже неговата независност и дека законот важи за сите.

СДСМ и граѓаните внимателно ќе следиме дали новиот Јавен обвинител ќе постапува независно, професионално и непристрасно или под диктат на владата.

Предметите се тука. Нека ја врши својата работа. Законот мора да биде еднаков за сите а правдата мора да биде достижна.