
Цената на барел сурова нафта од типот Брент надмина 114 долари, покажаа податоците за тргување.
Цената на мајските фјучерси за суровата нафта од типот Брент се зголемија за 7,54 проценти на 114,56 долари за барел од 08.00 часот утрово.
Глобалните цени на нафтата пораснаа за повеќе од седум проценти, што е последица на геополитичките тензии и војната на Блискиот Исток, пренесува Срна.
Ваквите движења на цените доведоа до сериозен раст на цените во горивата низ светот вклучувајќи ја и Македонија.
За само десет дена цената на дизел горивото се зголеми за 30% од 71 на 92 денари за литар, додека сериозно поскапување има и на бензинот и мазутот.
Имајќи ги предвид засилените напади врз енергетските капацитети на Блискиот исток, затворениот Ормутски теснец и нарушените синџири на испорака, светски економски експерти не ја исклучуваат можноста барел нафта да стигне и до 150 долари до крајот на месецот.

