Skip to main content
Македонија

Николоски: Директни летови од Охрид до Братислава и Милано, нови туристи и можности за економијата

17/03/2026  10:43

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март  од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

“Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.

Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри” – објави вицепремиерот Николоски.