Skip to main content
Македонија

Левица: Антикорупциска комисија „не ги виде” доказите за Томовски и неговиот другар кој добива тендери

17/03/2026  09:54

Соопштение на Левица:

Антикорупциска комисија и со новиот претседател Адем Цуцуљ ја продолжува праксата на амнестирање на корумпираните скандали на ДПМНЕ. Скандалозна е одлуката на Антикорупциска комисија која не утврди корупција за доделени 160 тендери на фирмата “Сити Аутсорсинг”, која е јасно поврзана со директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

За корумпираната Антикорупциска комисија не е спорно што фирмата “Сити Аутсорсинг” е формирана првично од таткото на Ивица Томовски. За корумпираната Антикорупциска комисија не е спорно што актуелен управител на “Сити Аутсорсинг” е Милчо Стрезоски од Струга, личен пријател на Ивица Томовски. Иако Левица достави докази до Антикорупциска комисија за блиските врски меѓу Томовски и Стрезоски, комисијата предводена од Цуцуљ не се ни изјасна за актуелниот управител на фирмата.

Дали Антикорупциска комисија е целосно под контрола на Мицкоски и неговите блиски соработници во тендер шемите, па не смее да го констатира очигледното влијание и притисок при делењето тендери.

Иако формално Законот за спречување на корупција и судир на интереси не категоризира директно пријател, Антикорупциска комисија може да утврди корупција кога постојат деловни врски меѓу функционерот и пријателот преку заеднички фирми. Еден од најважните индикатори при проверка за наместени тендери е дали истата фирма постојано победува во повеќе институции во краток временски период.

Левица јавно го повикува претседателот Цуцуљ да одговори дали е воопшто спроведена проверка на клучните индикатори за коруптивен ризик со тендерите за “Сити Аутсорсинг” или повторно само формално го затворија случајот, како со фирмата за обезбедување “Праеториан”?