
Две лица се застрелани во бистро во Раунхајм во близина на аеродромот во Франкфурт, соопшти денеска германската полиција.
Според првичните полициски наоди, вооружено лице влегло во бистрото околу 3:45 часот наутро по локално време и ги застрелало двете лица, кои веднаш починале.
Полицијата соопшти дека напаѓачот избегал од местото на настанот и оти во тек е потрага. Областа околу бистрото е опширно оградена. Голем контингент на полицијата го бара сторителот, пренесе ДПА.
Мотивите за нападот сè уште се нејасни, изјави портпарол на полицијата.

