Skip to main content
Македонија

Повредениот Авокатов: Трагедијата во „Пулс“ разбуди емпатија кај народот, имавме голема поддршка!

16/03/2026  20:12

Александар Авокатов, еден од повредените во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за М Нет пренесено од 4ТВ.мк зборува за поддршката која ја добил од семејството, пријателите и институциите, како и за влијанието на музиката врз неговото закрепнување.

„Разбуди емпатија кај народот и многу поддршка имавме, објави 4news.mk Многу поддршка, вербална, материјална, лекарска, буквално од сите“, рече Авокатов. Тој нагласи дека максимална грижа и внимание добиле од сите кои биле околу него – од семејството и пријателите до институциите кои можеле да помогнат.

Авокатов објасни дека по закрепнувањето, околу крајот на септември и почетокот на октомври, повторно почнал со музички настапи заедно со колегите, вклучувајќи го и Настарда Дарко Спировски, кој исто така бил повреден. „Мислам дека музиката не врати на стабилни нозе, да се почувствуваме повторно вредни“, рече тој.

Тој потенцира дека поддршката од блиските и професионалниот третман биле клучни во процесот на закрепнување, а музиката помогнала да се надминат психичките и физичките трауми од трагедијата.