
Граѓаните и посетителите на паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi сервис и да користат сигурна интернет-врска.
Аеродром е една од 500-те општини во регионот што добиваат Wi-Fi мрежа поставена во рамките на иницијативата WIFI4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ како дел од проектот EU4Digital.
Со оваа поддршка Општина Аеродром продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.

