Skip to main content
Скопје

Во тек е акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар

15/03/2026  15:13

Во тек е широка акција за темелно чистење на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи.

Акцијата опфаќа расчистување на коритото долж течението на реката Вардар на територијата на градот, а во неа се вклучени екипи од јавните претпријатија. Паралелно со чистењето на коритото, се уредуваат и пешачките и велосипедските патеки долж кејот.

Градоначалникот посочува дека целта е да се отстранат сите занемарени делови кои со години создавале несоодветна слика за градот.

Тој нагласува дека оваа активност нема да биде еднократна, туку ќе стане трајна практика во одржувањето на кејот и јавните простори.

„Кејот се одржува и чисти секојдневно, затоа што скопјани, но и сите гости на нашиот град, заслужуваат убава, уредена и чиста метропола“, истакнува Ѓорѓиевски.

Воедно упати и апел до граѓаните одговорно да се однесуваат кон животната средина, нагласувајќи дека реките, парковите и јавните простори се заеднички простор на сите граѓани и нивната чистота зависи од заедничката грижа.

https://www.facebook.com/reel/950448070752673