Skip to main content
Македонија

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

15/03/2026  14:24

Група оштетени граѓани до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против Зоран Витанов и неколку засега непознати маркетери на компанијата „Мајворлд“ (MyWorld). Пријавата се однесува на основано сомнение за сторено продолжено кривично дело, измама, преку координиран систем за прибирање средства кој функционирал спротивно на законските прописи и етичкиот кодекс на самата компанија.

​Во пријавата е доставена обемна документација која упатува на организирано и систематско прибирање пари од граѓаните. Подносителите ги приложија следните докази:

​- Документирани банкарски уплати од оштетените лица.

​- Бројни видео и аудио записи кои го поткрепуваат обвинението.

​- Индиции за исплатени високи провизии кон пријавеното лице и групата поврзани маркетери.

​- Предложени се изјави од голем број оштетени лица кои се подготвени да сведочат за измамата.

​Со оглед на обемот на случајот и сомневањата за структурирано дејствување на повеќе лица, од Обвинителството се бара да ја утврди точната правна квалификација, вклучително и можноста за постоење на злосторничко здружување.

​Дополнително, оштетените бараат итно применување на привремени мерки за обезбедување на имотот. Ова вклучува барање за замрзнување на имотот и сметките на пријавените лица, со цел да се обезбедат средства за евентуално идно обештетување на жртвите на оваа пирамидална шема.

​Групата граѓани упати отворен повик до сите кои сметаат дека се жртви на овој систем или располагаат со информации, да се приклучат кон правната битка.

​Контакт е-пошта: pravda.myworld.mk@gmail.com

Се гарантира целосна анонимност и заштита на личните податоци на сите пријавители.

Иницијативата најави дека и во иднина транспарентно ќе ја информира јавноста за текот на постапката и за сите нови сознанија поврзани со овој случај.