Skip to main content
Свет

Азизи: Украина е легитимна цел за Иран

14/03/2026  21:22

Украина е „легитимна и легална цел“ – истакна шефот на иранската комисија за национална безбедност, Ебрахим Азизи.

Неговата изјава следува откако им понуди помош на САД и Израел во војната со беспилотни летала.

Тој изјави дека Украина му помага на Израел со беспилотни летала и поради тоа, „целата територија на Украина, врз основа на член 51 од Повелбата на Обединетите нации, е легитимна и легална цел на Иран“.

Оваа изјава на иранскиот функционер е во согласност со заканите на Техеран кон другите европски земји за кои Иран смета дека им помогнале на Америка или Израел, пренесе Скај њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека им понудил поддршка на САД во водењето војна со беспилотни летала против Иран.