Skip to main content
Хроника

Пензиониран полицаец со лажна легитимација е приведен

14/03/2026  16:00

Поднесена е кривична пријава против 58-годишниот Н.Н. од Скопје поради кривични дела „лажно претставување” и „неовластено тргување и држење оружје”.

Инцидентот се случил кога полициски службеници го сопреле пријавениот за рутински преглед. За да ја избегне контролата, тој им се претставил како нивни колега, покажувајќи им службена легитимација на МВР. Сепак, полицајците набрзо утврдиле дека станува збор за пензиониран службеник кој повеќе нема овластувања.

При претрес на неговата чанта, полицијата пронашла и одзела рамка за пиштол, муниција и метален бокс. Против него ќе се води соодветна кривична постапка.