Skip to main content
Македонија

Коцевски во Кочани: Оддадена почит на жртвите од „Пулс“

14/03/2026  15:20

Поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска престојуваше во Кочани, каде оддаде почит на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Коцевски, придружуван од својата ќерка – која, според блиски до семејството, била голем обожавател на групата ДНК – положи свежо цвеќе и ги посети гробиштата каде што се погребани настраданите.

За време на посетата, тој се сретна и се поздрави со родителите и членовите на семејствата на загинатите, изразувајќи им сочувство и поддршка во овие тешки моменти.

Како што е најавено, Коцевски ќе биде и дел од отвореното студио на 4ТВ, кое во понеделник од 19 часот ќе се емитува во живо од Кочани, во рамки на одбележувањето на една година од трагедијата.