Skip to main content
Македонија

Трендафилов: Без работници нема држава, а нема ниту власт

14/03/2026  13:34

-Денес огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закакануват. Затоа што ги уценуваат со губење на нивните работни места, со распоредување и со закани за намалување на нивната плата. Но без оглед на тоа, не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак, порача на почетокот на протестот претседателот на ССМ, Слободан Трандафилов.

– Покажавме и дека 21 човек на улица вршат работа да прават нервоза кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денес им покажуваме дека можеме и највеќе затоа што без работници нема држава, а нема ниту власт. Продолжуваме пред Собранието, пред газдите, пред Стопанската комора и завршуваме пред Владата, дополни Трандафилов.

Протестот започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата. Одлуката за излегување на улица, како што информираше претходно Трендафилов, доаѓа по игнорирањето и неисполнувањето на синдикалните барања од страна на Владата и работодавачите.