Skip to main content
Свет

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море

14/03/2026  10:39

Армијата на Јужна Кореја соопшти дека пресретнала десетина неидентификувани балистички ракети истрелани од севернокорејската областа Сунан кон Јапонско Море.

Северна Кореја последен пат истрела балистичка ракета со краток дострел во Јапонско Море на 27 јануари. Пјонгјанг тогаш соопшти дека тестира „систем за повеќекратно лансирање ракети со голем калибар, надграден со нова технологија“.

Со резолуции на ОН на Северна Кореја ѝ е забрането да лансира или дури и да тестира балистички ракети.