
Цените на нафтата денес на меѓународните берзи пораснаа кон 103 долари. Покачувањето на цената е како резултат на суспензијата на американските санкции за руските барели беше засенета од сигналот на Вашингтон за продолжување на нападите врз Иран следната недела.
Во Лондон барелот се тргуваше по цена од 1,16 долари повисока во попладневните часови од вчерашната цена на затворање од 101,62 долари. На американскиот пазар, таа беше за 1,21 долари повисока на 96,94 долари.
Пазарното расположение оваа недела беше обележано со шпекулации за тоа колку долго би можела да трае американско-израелската војна против Иран.
Иран ја презеде контролата врз Ормутскиот теснец поради американско-израелскиот напади, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел, европските земји и нивните сојузници.
Во 2025 година, низ теснецот поминувале 20 милиони барели дневно, што е еквивалентно на околу една петтина од светската понуда, а сега транзитот е намален на помалку од 10 проценти од предвоените нивоа, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Под такви услови, резервоарите за складирање во земјите од Персискиот Залив се полни, со што производството се намалува за повеќе од 10 милиони барели дневно, пресмета ИЕА.

