Skip to main content
Македонија

Мицкоски: Владата реагираше неколкукратно подобро за трагедијата во Кочани отколку Швајцарија во Кран Монтана

13/03/2026  16:51

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при денешната работна посета на Кочани, изјави дека Владата реагирала неколкукратно подобро отколку Швајцарија во Кран Монтана. Тој истакна дека во сите параметри и во сите споредби, македонскиот систем и институциите реагираа подобро отколку системот и институциите во Швајцарија.

Премиерот изрази жалење за жртвите, напоменувајќи дека ниеден системски успех не може да ги надомести загубените животи, но дека од аспект на функционалност на државниот апарат, разликата е видлива, објави 4news.mk

„За жал, не постои начин како да ги вратиме тие кои повеќе не се со нас. Но, од аспект на системска реакција, нашите институции покажаа подготвеност која е за почит,“ додаде Мицкоски.