Skip to main content
Свет

Израел фрли летоци над Бејрут: Повик до граѓаните да му се спротивстават на Хезболах

13/03/2026  16:29

Израелските воздухопловни сили фрлија летоци над главниот град на Либан, Бејрут, во кои се испраќа порака до цивилното население да се спротивстави на Хезболах и да ја преземе одговорноста за иднината на земјата. Во летоците, либанските граѓани се повикуваат да ја разоружаат оваа организација, која е опишана како „ирански штит“. „Разоружајте го Хезболах, иранскиот штит. Одлуката за иднината на Либан е во ваши раце, а не во туѓи“, стои во пораката. Во текстот се наведува и дека израелската воена единица 504 работи на, како што се тврди, обезбедување подобра иднина за Либан и неговите граѓани.

Во меѓувреме, либанската армија ги предупреди жителите на Бејрут да не ги скенираат QR кодовите што се наоѓаат на летоците. Според либанската Национална новинска агенција, кодовите водат кон групи на „WhatsApp“ и „Facebook“ кои се поврзуваат со израелска воено-разузнавачка единица. Од либанската војска предупредуваат дека отворањето на овие линкови може да носи безбедносни и правни ризици, вклучително и можност за хакирање на уредите на корисниците.