Skip to main content
Свет

Трет ирански проектил соборен пред да удри во нуклеарното гнездо на НАТО

13/03/2026  16:20

Соборувањето на третиот ирански проектил во последните неколку дена ги подгреа сомнежите дека ова стратешко упориште на Алијансата е примарна цел на Техеран.

Иако Иран негира директна одговорност, американските разузнавачи предупредуваат за траекторијата на ракетите води право кон Адана.

Аналитичарите се децидни: секој посериозен напад врз Инџирлик би го активирал фамозниот Член 5 на НАТО, што би значело отворен конфликт со Иран.

„Особено загрижувачки е фактот дека Инџирлик е дом на значителен дел од американскиот тактички нуклеарен арсенал. Секоја експлозија во периметарот на базата носи ризик од невиден нуклеарен инцидент“, предупредуваат експертите.

САД веќе започнаа со евакуација на дипломатските семејства од конзулатот во Адана, додека ПВО системите на НАТО во Медитеранот се во состојба на највисока борбена готовност.