Skip to main content
Економија

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

27/11/2024  12:56

Министерот за економија Бесир Дурмиши денеска најави дека на крај на следната недела ќе биде објавена новогодишната кошничка со која ќе бидат опфатени околу 600 производи.

Во изјава за медиумите дадена денеска, министерот посочи дека и новогодишната кошничка, исто како есенската, ќе трае еден месец.

– Цело време сме во контакт со стопанските комори, синдикалците, трговците и производителите. Идната недела ќе бидете известени. При крај е со подготовката за новогодишната кошничка, предвидени се над 600 производи кои ќе ги опфати оваа мерка, но повеќе детали ќе ви дадеме идната недела оти предвидено е некаде во четврток или петок да ја објавиме кошничката, рече Дурмиши, не откривајќи повеќе детали.

Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка која траеше до 31 октомври. Со неа беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи.