
Српската Влада вчера донела одлука за намалување на акцизите за нафтените деривати за 20 отсто, јавува РТС.
Ова значи дека акцизата за дизелот, која моментално изнесува 74,04 динари по литар, ќе се намали на 59,23 динари по литар. Тоа е намалување од 14,81 динари по литар.
Акцизата за бензинот, која моментално изнесува 72 динари, ќе се намали на 57,6 динари по литар. Тоа е намалување од 14,4 динари по литар.
Ова значи дека горивата во Србија од денеска ќе се точат по намалени цени за околу 15 динари, односно околу 8 македонски денари.
Одлуката е привремена и се предлага да се спроведе почнувајќи од денес, а завршува на 15 април 2026 година.
Претходно, Владата на Србија донесе одлука за забрана за извоз на нафта и нафтени деривати до 19 март.

