Skip to main content
Свет

ЕУ предлага инспекциска мисија за украинскиот гасовод „Дружба“

12/03/2026  18:27

ЕУ предложи инспекциска мисија за украинскиот гасовод „Дружба“ и чека одговор од Украина, изјави портпарол на Унијата, цитиран од британските медиуми.

„Предложивме инспекциска мисија за гасоводот „Дружба“ во Украина“, рече портпаролот.

Испораките на руска нафта за Унгарија преку гасоводот се прекинати од крајот на јануари, кога објектот беше оштетен.

Киев вели дека рускиот напад погодил опрема на гасоводот „Дружба“ во западна Украина, а Словачка и Унгарија велат дека Украина е одговорна за продолжениот прекин во испораката на енергенси.